Македонија

Приведени девет возачи за безобѕирно управување возило – шест возеле без возачка дозвола!

Приведени девет возачи за безобѕирно управување возило – шест возеле без возачка дозвола!

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило, еден под дејство на алкохол и двајца и покрај тоа што имале активна забрана

Во Скопје две лица управувале возило без возачка дозвола и по едно лице во Чашка, Гевгелија, Битола и во Кичево возеле без возачка дозвола. Едно лице во Скопје и едно во липковско возеле и покрај тоа што има активна забрана, а едно лице во Берово управувало трактор под дејство на алкохол, односно со 1,74 промили алкохол во крвта и агресивно се однесувал кон полициски службеници.

По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни