Македонија

Акција на финансиската полиција: Претреси на повеќе локации, приведени повеќе лица!

Акција на финансиската полиција: Претреси на повеќе локации, приведени повеќе лица!

Управата за финансиска полиција денеска спроведува обемна акција на повеќе локации низ државата, при што се вршат претреси на домови, деловни простории и лица.

Акцијата се реализира по наредби на судија на претходна постапка, а во координација и под раководство на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Како што информираат од Финансиската полиција, истрагата произлегува од предистражна постапка насочена кон откривање и документирање на повеќе кривични дела од областа на финансискиот криминал и корупцијата.

Постои сомнение дека дел од делата се извршени од службени лица и други лица кои, искористувајќи ја својата службена положба, општествено влијание и углед, се стекнале со противправна имотна корист од големи размери.

Во рамки на акцијата, а по насоки на надлежното обвинителство, овластени службени лица од Управата за финансиска полиција лишиле од слобода повеќе лица. Истражните активности продолжуваат, а повеќе информации се очекуваат по нивното целосно завршување.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни