Македонија

Нова успешна трансплантација: Хуманоста на едно семејство донесе надеж за нов живот

Нова успешна трансплантација: Хуманоста на едно семејство донесе надеж за нов живот

Со длабока почит кон починатиот органодарител и искрена благодарност до неговото семејство, медицинските тимови вклучени во процесот на трансплантација оддадоа признание за една од најхуманите одлуки што може да се донесе во моменти на најголема болка и загуба.

Од Министерството за здравство информираат дека благодарение на хуманоста на семејството на дарителот и посветеноста на здравствените работници, повторно е овозможена шанса за нов живот и надеж за пациентите кои чекаат трансплантација.

„Во овие моменти, хуманоста на едно семејство и посветеноста на здравствените работници отвораат можности за нова надеж и нов живот“, изјави проф. д-р Билјана Кузмановска, национален координатор за трансплантација.

Министерот за здравство Азир Алиу упати благодарност до семејството на дарителот и признание до сите медицински тимови кои учествувале во сложениот процес.

„Министерството за здравство изразува најдлабока благодарност до семејството на дарителот и признание до сите медицински тимови вклучени во овој сложен и благороден процес“, истакна министерот Алиу.

Од Министерството потенцираат дека органодарителството претставува највисок чин на човечност и солидарност, кој овозможува спасување и подобрување на животите на многу пациенти. Воедно, институцијата продолжува да ја промовира свеста за значењето на донирањето органи и важноста на трансплантациската медицина во земјата.

Органодарителството останува симбол на надежта, хуманоста и несебичната поддршка кон оние на кои им е најпотребна.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни