Македонија

Адмирал ја поддржа меѓународната акција за чистење на дното на Охридското Езеро

Адмирал ја поддржа меѓународната акција за чистење на дното на Охридското Езеро

Како компанија која континуирано вложува во заедницата и поддржува иницијативи од јавен интерес, Адмирал беше поддржувач на 6-тата меѓународна акција за чистење на дното на Охридското Езеро, организирана од Нуркачкиот центар Амфора од Охрид.

Акцијата обедини нуркачи, волонтери и љубители на природата од земјата и регионот со заедничка мисија – отстранување на цврстиот отпад од дното на езерото и придонес кон зачувување на еден од највредните природни ресурси во Македонија и пошироко.

Преку поддршката на оваа значајна еколошка иницијатива, Адмирал уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон општествената одговорност и заштитата на животната средина.

„Грижата за животната средина е заедничка одговорност на сите нас. Горди сме што бевме дел од оваа иницијатива која испраќа силна порака за важноста од заштитата на природата и подигнувањето на јавната свест за еколошките предизвици со кои се соочуваме“, велат од Адмирал.

Од компанијата потенцираат дека ќе продолжат да поддржуваат проекти кои придонесуваат за одржлив развој, заштита на природата и подобрување на квалитетот на живот во локалните заедници.

Секое отстрането парче отпад од Охридското Езеро е чекор кон почиста животна средина, а секоја ваква акција е потсетник дека со заеднички сили можеме да создадеме позитивни промени и да ги зачуваме природните вредности за генерациите што доаѓаат.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни