Рудник Саса и оваа година го одбележа 5 Јуни, Светскиот ден на животната средина (World Environment Day 2026), со нова едукативна и еколошка иницијатива под мотото „Пријатели на биодиверзитетот – Чувари на природата и климата“. Оваа иницијатива (#3BBuddies; #BeesBugsBirdsGuardians; #SasaForNature; #WorldEnvironmentDay) е насочена кон подигнување на јавната свест за биолошката разновидност, зачувувањето на природата и климатската акција.
Со оваа иницијатива, рудникот Саса се приклучи кон глобалното одбележување на Светскиот ден на животната средина, во рамките на кое годинава се организираат над 2200 настани ширум светот, посветени на заштитата на животната средина и климатската акција
Иницијативата се реализираше во партнерство со ЈП „Национални шуми“ и СОУ „Миле Јаневски Џингар“ од Македонија. Целта беше преку практични активности и едукација да се вклучат младите во заштитата на природните вредности на Осоговските Планини, кои се прогласени за заштитено подрачје.
- Ученици од средното училиште изработија куќички за птици и засолништа за корисни инсекти и диви пчели, користејќи природни и реупотребливи материјали.
- На Светскиот ден на животната средина, организирана беше настава во природа во шумско подрачје на Осоговските Планини.
- Учениците беа запознаени со значењето на Светскиот ден на животната средина, климатските предизвици и важноста на зачувувањето на биодиверзитетот.
Активностите завршија со поставување на изработените куќички за птици и засолништа за инсекти и диви пчели на соодветни локации во шумското подрачје, определени од претставниците на ЈП „Национални шуми“.
„Веруваме дека заштитата на животната средина започнува со едукација, личен пример и активно вклучување на младите. Овие иницијативи сакаме да поттикнеме поголема свест за поврзаноста помеѓу биодиверзитетот, климатските промени и одговорното управување со природните ресурси“, велат од Рудник Саса.
Од рудникот посочуваат дека оваа иницијатива е само една од многуте активности што рудникот континуирано ги реализира за унапредување на еколошката свест и поддршка на локалната заедница.
Во последните неколку години, во Рудник Саса се инвестирани повеќе од 100 милиони американски долари за модернизација на работењето, вклучувајќи капитални развојни проекти. Овие инвестиции овозможија Рудник Саса да работи поефикасно и поодговорно кон животната средина, преку структуриран систем за заштита на животната средина според законските барања и највисоките стандарди во рударската индустрија.