Македонија

АИ Чет бот за електронскиот дневник

АИ Чет бот за електронскиот дневник

Министерството за образование и наука, во соработка со Центарот за трансфер на технологии и иновации ИНОФЕИТ при Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје, ја унапредува примената на Е-дневникот со воведување на чет бот.

Развиеното напредно софтверско решение претставува чет бот, базиран на архитектурата RAG (Retrieval-Augmented Generation). Овој чет бот е интегриран во системот на Е-дневникот и овозможува:

  • Интелигентно пребарување на информации
  • Генерирање прецизни одговори на сите прашања на корисниците

Чет ботот нуди многу бенефити за корисниците, вклучително:

  • Поефикасна и побрза обработка на документацијата
  • Создавање на сеопфатна база на знаење за користење на системот на македонски и албански јазик
  • Лесен пристап до релевантни информации и поддршка

Системот е успешно имплементиран и хостиран на безбедна облак-платформа, со применети механизми за заштита и контрола на содржината. Воедно, воспоставен е и систем за мониторинг и оптимизација кој овозможува следење на перформансите и анализа на употребата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни