Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска ќе одржи брифинг за медиумите, на кој ќе го претстави системот за издавање на СМАРТ лиценци. Овој систем е наменет за лиценцирање на субјекти кои вршат јавни овластувања, а ќе бидат презентирани и пилот лиценците за даватели на квалификувани доверливи услуги
Според информациите од Министерството, системот вклучува:
- електронско барање;
- електронски регистар;
- QR проверка;
- транспарентност;
- проверлива трага.
Иницијативата „Роаминг како дома“
На средбата, ќе бидат презентирани и активностите поврзани со иницијативата „Роаминг како дома“. Целта на оваа иницијатива е да се олеснат комуникациските услуги за граѓаните, како и да се дискутираат актуелни прашања кои произлегуваат од надлежностите и тековната работа на Министерството за дигитална трансформација.