Денес, Косово одржува предвремени парламентарни избори, што е третиот изборен циклус за помалку од година и половина. Оваа сесија следи по редовните избори во февруари и предвремените избори во декември минатата година
Изборите се организирани откако парламентот не успеа да избере нов шеф на државата во предвидениот рок. Рокот за избор на нов претседател, по истекот на мандатот на претседателката Вјоса Османи, заврши на 28 април, по што парламентот беше распуштен.
Избирачките места во Косово се отворија рано утринава, во 7 часот, и ќе бидат отворени до 19 часот. На изборите учествуваат 21 политички субјект, вклучувајќи три коалиции, 17 политички партии и еден независен кандидат.
- Вкупно избирачи: 2,092,174
- Избирачи на територијата на Косово: 1,959,962
- Регистрирани за гласање во странство: 132,212
Според податоците на Централната изборна комисија (ЦИК) на Косово, излезноста на вчерашното гласање во 30 дипломатски мисии во европските земји, како и во САД и Канада, беше 80,85%.
Во пресрет на изборите, Канцеларијата на ЕУ во Косово повика на мирен, слободен, фер и инклузивен гласачки процес, охрабрувајќи ги политичките субјекти и нивните претставници да придонесат за успешен изборен ден.