Македонија

Дали беше направено сѐ за да се спречи пожарот – прашаа учесниците на 45. „Марш на ангелите“

Дали беше направено сѐ за да се спречи пожарот – прашаа учесниците на 45. „Марш на ангелите“

На 45. „Марш на ангелите“, роднините на загинатите во „Пулс“ повторно го поставија клучното прашање: дали секој што имал должност постапил совесно, професионално и во рамки на своите овластувања за пожарот да биде спречен. Настанот се одржа на 7 јуни 2026 година.

Според нив, фокусот не треба да биде на тоа што се правело откако пожарот започнал, туку дали било направено сѐ што било должност да се направи за воопшто да не дојде до него.

„Со секоја должност доаѓаат обврски. Со секое овластување – одговорност; со секоја униформа – очекувања дека ќе се постапува професионално, навремено и еднакво кон сите. Никој не спори дека спасувањето е човечка должност. Но оваа постапка не се води за тоа што се случувало откако пожарот веќе започнал. Прашањето е дали секој што имал службени обврски и законски овластувања ги извршувал така како што се очекува од институција,“ изјави Розета Џамова, сестра на починато момче.

  • Не бараат пресуда однапред, туку одговори, сериозност и барем малку достоинство.
  • Потсетија дека за едни ова се минути, листинзи и процедури, а за други – живот што никогаш повеќе нема да се врати.
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни