На 06.06.2026 во 20:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во домот на подрачјето на Центар бил пронајден починат Б.О.(69).
Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство.
Извршен е увид, а по насоки од јавен обвинител телото на починатиот е предадено во судска медицина за обдукција.