Македонија

Емотивни моменти во семејството на прерано починатиот Панчо: Синот прослави полуматура, пораката на мајката Маја крши срца

Емотивни моменти во семејството на прерано починатиот Панчо: Синот прослави полуматура, пораката на мајката Маја крши срца

Семејството на прерано починатиот музичар Владимир Блажев, во јавноста познат како Панчо од дуото „ДНК“, деновиве имаше голема причина за славење, но и за силни емоции. Неговиот син матурираше во основното образование, означувајќи го крајот на едно важно животно поглавје.

По тој повод, неговата мајка Маја сподели заедничка фотографија со својот син од полуматурската прослава, придружена со искрена и исклучително емотивна честитка која никого не остави рамнодушен. Таа јавно ја сподели својата гордост, но не ја сокри ниту тагата поради отсуството на Панчо во овие клучни семејни моменти.

„Едно поглавје завршено, само жалам што не сме сите на број, оној најбитниот ни фали, но животот продолжува сине. Ти посакувам успеси на секое поле, ти посакувам да си жив и здрав, твојот успех е и мој“, напиша Маја на социјалните мрежи.

Во продолжение на својата објава, гордата мајка му упати и силни зборови за понатамошниот живот, потенцирајќи ги вистинските човечки вредности.

„Биди ми секогаш насмеан и позитивен, а пред сè човек со големо срце за секого, твојата добрина е одлика на нашето воспитување. Те сакам со цело срце, твоја мама“, додаде таа.

Панчо важеше за еден од најомилените ликови на македонската музичка сцена, а неговото семејство продолжува да го чува споменот за него со многу љубов и достоинство низ сите животни предизвици и успеси.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни