Македонија

Гром предизвика пожар на градските гробишта во Штип!

Гром предизвика пожар на градските гробишта во Штип!

Пожар избувна попладнево на патот кон градските гробишта во месноста Плуждино кај Штип. Според првичните информации, пожарот најверојатно бил предизвикан од удар на гром, при што била зафатена сува трева.

Поради засилениот ветер, огнот брзо се проширил на поголема површина, поради што на терен интервенираат екипи на Територијалната противпожарна единица Штип.

Пожарникарите во моментов работат на локализирање на пожарот, спречување на неговото понатамошно ширење и заштита на објектите во близина кои би можеле да бидат загрозени.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни