Слаб земјотрес со магнитуда од 3,0 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово во охридскиот регион, соопштуваат сеизмичките служби.
Според првичните податоци, потресот се случил во 05:36 часот по локално време. Епицентарот на земјотресот бил лоциран во водите на Охридското Езеро, на географска ширина од 41.010°N и должина од 20.730°E, во близина на пограничниот дел со Албанија и населените места Љубаништа и Поградец.
Детали за потресот:
- Магнитуда: 3.0 степени според Рихтеровата скала
- Време: 05:36:16 часот (локално време)
- Длабочина: 10.0 километри
- Епицентар: Охридско Езеро