Македонија

Почина Ирена, водителката на култната емисија „Версус“

Почина Ирена, водителката на култната емисија „Версус“

Тажна вест ја потресе јавноста откако преку социјалните мрежи беше соопштено дека починала Ирена, водителката на некогашната популарна емисија „Версус“.

Веста предизвика бројни реакции и емотивни објави од нејзини колеги, пријатели и соработници, кои се простуваат од неа со пофални зборови за нејзиниот професионализам, енергија и личност.

Се огласи и Игор Филевски, нејзиниот ко-водител од емисијата, кој се присети на заедничките почетоци и значењето што Ирена го имала за целиот проект.

„Штотуку ја дознав веста која првично не сакав да е точна… Ирена, драга моја Иренке Версус, нека ти е широко небото и вечен мирот каде и да си сега“, напиша Филевски, додавајќи дека без неа емисијата „Версус“ немало ни да започне.

Тој нагласи дека Ирена била клучна за успехот на проектот, со својата енергија, интелект и ведар дух, кој ја правел емисијата препознатлива на македонската медиумска сцена.

Од неа се прости и креативниот тим на New Moment, кои ја опишаа како „нескршлив дух“, личност што знаела да донесе насмевка, но и да воспостави искрен човечки дијалог.

„Ќе ни недостасуваш. Многу“, стои во нивната порака, со изразено сочувство до семејството, пријателите и сите што ја познавале.

Со бројни емотивни пораки, јавноста и колегите продолжуваат да се простуваат од Ирена, која остави силен белег во македонските медиуми.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни