Македонија

УХМР со метео аларм: Попладне нестабилно време со дожд, грмежи и можен град

УХМР со метео аларм: Попладне нестабилно време со дожд, грмежи и можен град

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) издаде метео аларм за нестабилно време кое ќе ја зафати земјата во текот на денешниот ден, ноќта и утре претпладне.

Според најавите, се очекуваат повремени врнежи од дожд, а локално временските услови ќе бидат значително нестабилни со појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во одредени региони процесите ќе бидат поинтензивни, со обилен пороен дожд кој може да надмине 15 литри на квадратен метар, како и појава на невреме проследено со град.

Од УХМР предупредуваат дека граѓаните треба да бидат внимателни поради можни краткотрајни, но силни временски непогоди.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни