Македонија

НЕСТАБИЛНО ВРЕМЕ НИЗ МАКЕДОНИЈА: Поројни дождови и грмежи во Беровско и Дебарско, слаб дожд во Скопје

НЕСТАБИЛНО ВРЕМЕ НИЗ МАКЕДОНИЈА: Поројни дождови и грмежи во Беровско и Дебарско, слаб дожд во Скопје

Поголем дел од територијата на Македонија попладнево е зафатен од нестабилна облачност, проследена со врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер, покажуваат податоците од синоптичките радари.

Најкритична е состојбата во Источна Македонија, поконкретно во Берово и Беровскиот регион, каде што е регистрирана интензивна нестабилност со силен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и локална појава на суградица. Развој на ваква нестабилна облачност има и во крајните источни делови, јужно од Берово.

Поројни врнежи во Дебар, Скопје со слаб дожд

Според радарските снимки, активни јадра на нестабилност има и на запад. Во Дебар и околината е забележан развој на нестабилна облачност која донесе пороен дожд, електрични празнења и засилен ветер.

Умерени врнежи од дожд, локално проследени со ретки грмежи, има и во северозападните делови од земјата, односно во Полошкиот регион. Напроти ова, во главниот град состојбата е значително помирна – во деловите источно од Скопје се бележат само врнежи со слаб интензитет.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни