Свет

Трамп се изјасни за договорот со Иран: Историско потпишување овој викенд – во Европа?

Трамп се изјасни за договорот со Иран: Историско потпишување овој викенд – во Европа?

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека договорот со Иран е во голема мера завршен и дека ќе биде потпишан во следните неколку дена, „можеби во Европа“.

„Тукушто постигнавме голем договор за војната со Иран и ќе бидеме предмет на финализирање на документите, што треба да се направи во следните неколку дена“, рече Трамп, обраќајќи се пред новинарите во Овалната соба на Белата куќа, додавајќи дека церемонијата може да се одржи „некаде во Европа“ и дека американскиот потпретседател Џ.Д. Венс ќе биде присутен.

Според британскиот Телеграф, потпишувањето се очекува уште овој викенд.

„Треба да се случи наскоро“, рече Трамп.

Тој додаде дека документите се веќе во „скоро финална форма“.

„Најважно е што имаме договор дека Иран никогаш нема да има нуклеарно оружје, што беше целта на сè што требаше да направиме за да го завршиме ова. Наскоро имаме потпишување.“

Тој нагласи дека Ормутскиот теснец ќе биде отворен штом ќе се потпише договорот.

Тој додаде дека неодамна разговарал со лидерите на неколку земји, вклучувајќи го израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и лидерите на земјите од Персискиот Залив.

Аксиос претходно објави дека Иран ги информирал медијаторите дека е постигнат „договор во принцип“ во разговорите со Вашингтон. Прочитајте повеќе во текстот: САД и Иран постигнаа договор во принцип

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни