Безживотно тело на младо лице било пронајдено во водите на Охридското Езеро во близина на струшката „Машка плажа“, информираа од полицијата.
Според информациите од СВР Охрид, телото било забележано во езерото, по што веднаш било извлечено од водата и пренесено во Општата болница во Струга.
Лекарската екипа констатирала смрт, а при првичниот преглед не биле забележани видливи траги на насилство.
Од полицијата соопштија дека станува збор за С.С. (20) од струшкото село Октиси.
Надлежните институции преземаат активности за утврдување на причините и околностите под кои настапила смртта, а истрагата е во тек.