Македонија

Ордановски: Не сме автократско општество, но не сме ниту демократски идеал

Ордановски: Не сме автократско општество, но не сме ниту демократски идеал

Апатијата и чувството на безперспективност можат да станат средство за полесно управување со општеството, оцени политичкиот аналитичар Сашо Ордановски.

Според него, ваквите процеси не се карактеристични само за Македонија, туку се забележуваат и во други делови од светот.

„Во политикологијата е разработен системот кога се владее со создавање чувство на безперспективност. Апатијата е добра алатка за владеење во одредени општества“, изјави Ордановски во емисијата „Ноќно Студио“ на 4ТВ.мк.

Тој посочи дека Македонија денес не ја оценува како автократска држава, но смета дека не е ниту на ниво на демократски стандарди каде што сите процеси функционираат транспарентно.

Ордановски додаде дека за надминување на ваквата состојба е потребен поголем ангажман од медиумите, што бара повеќе ресурси и подлабока анализа наместо едноставно пренесување на дневните политички пораки.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни