Политичките пораки за Европската унија често не се претвораат во конкретни политики, смета политичкиот аналитичар Сашо Ордановски.
Во разговор за „Ноќно Студио“ на 4ТВ.мк, тој оцени дека политичките елити често зборуваат за европски интеграции, странски инвестиции и економски развој, но реализацијата останува ограничена.
„Сите зборуваат за Европска унија, сите зборуваат за странски инвеститори, за успешна економија, но кога ќе дојдат на власт, многу малку од тоа се прави“, изјави Ордановски.
Тој смета дека токму поради таквите разочарувања кај граѓаните расте недовербата кон институциите.
Во однос на европскиот пат, Ордановски оцени дека за Македонија моментално нема голема перспектива за брзо придвижување.
„Јасно е дека оваа влада не е подготвена да направи компромиси кои се бараат“, рече тој, додавајќи дека тие компромиси се веќе познати.