На 16.06.2026 во Полициската станица Драчево е пријавено дека во село Зелениково бил пронајден починат Ц.К.(72) од Зелениково, кој бил прегазен од неговиот мотокултиватор.
Според пријавеното, тој излегол утрото да работи на нива со мотокултиваторот, а откако не се вратил до 13:00 часот, неговиот брат отишол на нивата и го пронашол под мотокултиваторот.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
Увид извршила увидна екипа на СВР Скопје.