Македонија

Нов бран на нестабилност: Попладне можни краткотрајни невремиња во планинските и југоисточните региони

Нов бран на нестабилност: Попладне можни краткотрајни невремиња во планинските и југоисточните региони

Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер (40km/h) од северен правец, особено во источните делови. Максималната температура ќе биде во интервал од 26 до 34 степени.

Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. T=31°C. P=982hPa. U=30%. V=2m/s.

Од денеска до средината на следната седмица времето претпладне ќе биде сончево и потопло со променлива облачност. Поради големата енергија во атмосферата, во попладневните часови ќе има услови за локална појава на краткотрајно невреме, особено во планинските и југоисточните делови од државата. Ќе дува умерен ветер претежно од северен правец.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни