Македонија

Во 2025 починале над 20 илјади лица, најмногу од болести на срцето и крвните садови

Во 2025 починале над 20 илјади лица, најмногу од болести на срцето и крвните садови

Во текот на 2025 година во земјава се регистрирани 20.287 починати лица, што претставува благо зголемување од 0,4 проценти во споредба со претходната година, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика.

Според статистиката, од вкупниот број починати, 10.498 се мажи, додека 9.789 се жени. Во истиот период евидентирани се и 62 починати доенчиња, што претставува 0,3 проценти од вкупниот број смртни случаи.

Најголем број смртни случаи биле регистрирани во јануари, кога починале 2.002 лица, додека најмал број е забележан во април со 1.506 починати.

Податоците покажуваат дека просечната возраст на починатите мажи изнесувала 72,2 години, додека кај жените достигнала 76,6 години. Тоа значи дека жените во просек живеат 4,4 години подолго од мажите.

Анализата на причините за смртност открива дека најголем дел од починатите, односно 34 проценти, животот го загубиле поради болести на циркулаторниот систем. На второ место се неоплазмите, односно малигните заболувања, со учество од 19,6 проценти.

Меѓу почестите причини за смрт се и ендокрините, нутритивните и метаболичките заболувања со 6,5 проценти, како и болестите на респираторниот систем кои учествуваат со 3,7 проценти во вкупната смртност.

Податоците на Државниот завод за статистика укажуваат дека кардиоваскуларните заболувања и понатаму остануваат најголем здравствен предизвик и водечка причина за смртност кај населението во државата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни