Македонија

Привремен прекин на железничкиот сообраќај од 22 јуни до 1 јули

Привремен прекин на железничкиот сообраќај од 22 јуни до 1 јули

ЈП „ЖРСМ Инфраструктура“ соопшти дека во периодот од 22 јуни до 1 јули 2026 година ќе бидат привремено укинати повеќе патнички возови низ државата. Прекинот е поради изведување завршни градежни работи на пругата Скопје – Велес, на делницата од станица Скопје до станица Зелениково, во рамки на проектот „Градски воз“.

Укинати возови по релации

Скопје – Гевгелија

  • Воз бр. 611 – заминување во 06:20 часот
  • Воз бр. 631 – заминување во 16:55 часот

Гевгелија – Скопје

  • Воз бр. 630 – заминување во 04:30 часот
  • Воз бр. 632 – заминување во 17:02 часот

Скопје – Битола

  • Воз бр. 641 – заминување во 07:06 часот
  • Воз бр. 645 – заминување во 20:05 часот

Битола – Скопје

  • Воз бр. 640 – заминување во 03:10 часот
  • Воз бр. 644 – заминување во 18:22 часот

Битола – Велес

  • Воз бр. 642 – заминување во 12:46 часот

Велес – Битола

  • Воз бр. 643 – заминување во 15:25 часот

Скопје – Велес

  • Воз бр. 2083 – заминување во 22:40 часот

Велес – Скопје

  • Воз бр. 600 – заминување во 05:00 часот

Патниците кои редовно ги користат овие линии се замолуваат навреме да го прилагодат своето патување во периодот на изведба на работите.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни