Пожар избувна денеска на дива депонија покрај железничката пруга во скопската населба Долно Лисиче.
Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), во 11:26 часот преку Единствениот број за итни случаи 112 била примена пријава за пожар на локацијата.
По добиената дојава, на терен веднаш биле испратени екипи на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, кои интервенираат со цел локализирање и целосно гаснење на пожарот.
Засега нема информации за повредени лица или за евентуално проширување на огнот кон околните објекти. Надлежните служби ја следат состојбата на терен.