До 18 часот, на територијата на целата земја се регистрирани десет пожари на отворен простор, од кои девет се целосно изгаснати, а активен е само пожар на подрачјето на Општина Арачиново, каде гори ѓубре и ниска вегетација, информираа од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Од ЦУК соопштија дека се изгаснати пожарите во Општина Сарај, кај селото Грчец, каде горела ниска вегетација, како и во Општина Бутел, во селото Визбегово, каде гореле дива депонија и ниска вегетација. При интервенција на пожарот во Визбегово бил повреден еден припадник на Бригадата за противпожарна заштита – Скопје.
Дополнително, локализирани и изгаснати се пожарите во Општина Радовиш, кај селото Бучим, каде била зафатена ниска вегетација и ниска шума, како и во Општина Новаци, кај селото Теповци, на месноста Ергела, каде горела ниска вегетација. Пожари се изгаснати и кај селото Пчиња, во Општина Куманово, како и во Општина Липково, кај селото Отла, во Липковско Поле кон селото Оризаре, каде гореле ниска вегетација и жито.
Надлежните служби остануваат на терен во Арачиново до целосно ликвидирање на пожарот.