Македонија

Четири лица се лишени од слобода од вкупно пет пријави за семејно насилство во последното деноноќие

Четири лица се лишени од слобода од вкупно пет пријави за семејно насилство во последното деноноќие

На 21.06.2026 околу 01:20 часот, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода С.Е.(37) од Штип, постпаувајќи по претходна пријава дека физички ја напданл неговата сопруга.

На 21.06.2026 во 01:35 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода М.С.(51) од Гостивар, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата сопруга.

На 20.06.2026 во 01:40 часот во Скопје, полициски службеници го лишија од слобода С.М.(33) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од неговата 31-годишна сопруга дека агресивно се однесувал и се обидел да ја нападне со остар предмет.

На 20.06.2026 во 17:30 часот, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода 33-годишна жена од скопско, постапувајќи по претходна пријава од нејзиниот 36-годишен сопруг, со кој се во бракоразводна постапка, дека во семејниот дом агресивно се однесувала кон него и му упатила закани. Подоцна, во 23:30 часот, 33-годишната жена пријавила дека во семејниот дом, по кратка расправија, била физички нападната од нејзиниот 36-годишен сопруг, кој употребил и тврд предмет.

На 21.06.2026 во 03:00 часот во СВР Скопје, 30-годишна жена од Скопје пријави дека на 20.06.2026 околу 20:00 часот во семејниот дом во Скопје, по претходна расправија, таа и нејзиниот поранешен сопруг, биле физички нападнати од нејзиниот 36-годишен партнер.

Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни