Два воза се судрија во близина на Бедфорд во источна Англија во петокот вечерта, при што едно лице загина, а 89 беа повредени, соопшти Службата за брза помош на Источна Англија.
Од повредените, 11 се здобиле со „многу сериозни повреди“, 22 се „сериозно повредени“, а 56 имаат „полесни повреди“.
Несреќата се случила околу 17:15 часот по локално време кога воз на аеродромот Лутон удрил во воз на железницата Ист Мидлендс, објавија британските медиуми. Сведок изјави за Би-Би-Си дека видел луѓе со „крвави лица“ и скршени нозе.
Службата за брза помош соопшти дека испратила голем број ресурси на местото на настанот, вклучувајќи повеќе од 20 возила, специјализирани тимови за итни интервенции и шест воздушни амбулантни возила.
„Сите пациенти со најтешки повреди сега се однесени во болница од местото на настанот“, додаде службата.
Инцидентот, исто така, предизвика големи прекини во железничките услуги, објавија британските медиуми.
Британскиот премиер Кир Стармер изјави на социјалните мрежи дека извештаите се длабоко загрижувачки, додавајќи дека неговите мисли се со жртвите и нивните семејства, објави Ксинхуа.