Балкан

Силно невреме во Словенија и Хрватска

Силно невреме во Словенија и Хрватска

Невремето кое метеоролозите го најавуваа за попладневните часови веќе го зафати Птуј и околината во Словенија, како и пределите долж словенечко-хрватската граница. Локалните медиуми јавуваат за силно невреме проследено со обилен дожд и град со големина на лешник, а на социјалните мрежи веќе се шират снимки и фотографии од претрпените штети.

Овој силен олуен систем моментно се приближува кон Хрватска, а во наредните часови се очекува да помине преку делови од Хрватското Загорје.

Портокалово предупредување за Истра и Риека

Поради опасност од поизразени поројни дождови и силно грдлавинско невреме, хрватскиот Државен хидрометеоролошки завод (ДХМЗ) прогласи портокалов аларм за регионот на Риека. Метеоролозите предупредуваат дека се можни силни локални непогоди, особено на подрачјето на Истра, каде веројатноста за силни грмежи е поголема од 50 проценти.

„Бидете на нозе и подготвени за можни посилни грмлавински непогоди. Особено внимавајте на изложените подрачја како што се планините, шумите, ливадите и отворените терени. Можни се прекини во активностите на отворено“, стои во официјалното соопштение на ДХМЗ.

Жолт аларм за Загреб, Осјек и Книн

Покрај приморскиот дел, нестабилноста ќе се прошири и во внатрешноста на земјата. Поради тоа, издадено е жолто предупредување за загребскиот, осјечкиот и книнскиот регион.

Метеоролозите апелираат до граѓаните будно да ги следат временските прогнози и вонредните соопштенија во текот на вечерта, да ги заштитат своите имоти и да избегнуваат движење на отворен простор за време на најкритичните периоди од невремето.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни