Граѓаните од денеска привремено нема да можат да ја користат апликацијата и системот „Мој ДДВ“, откако Управата за јавни приходи најави прекин во неговото функционирање поради технички активности.
Од УЈП информираат дека прекинот е дел од планираните активности за модернизација и унапредување на информатичката инфраструктура на институцијата.
„Недостапноста е поради миграција на системот на нова инфраструктура со цел обезбедување поголема сигурност и достапност на услугата“, соопштуваат од Управата за јавни приходи.
Оттаму посочуваат дека работите се одвиваат согласно предвидениот план и дека системот повторно ќе биде достапен за корисниците веднаш по завршувањето на активностите.
Од УЈП апелираат за разбирање кај граѓаните додека трае процесот на надградба, кој има за цел да обезбеди постабилна и посигурна услуга во иднина.