Македонија

Конечно екстрадиран 19 годишникот од Србија, предаден е во Затвор Скопје

Конечно екстрадиран 19 годишникот од Србија, предаден е во Затвор Скопје

Екстрадирано лице од Србија барано по меѓународна потерница

Денеска (24.06.2026) од Република Србија во нашата земја екстрадиран е Саит Саитов (19) од Скопје, кој беше баран со меѓународна потерница поради основано сомнение за сторени кривични дела „против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, како и „неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“ за кривично правен настан кој се случил во Скопје на 09.01.2026 година.

На лицето му е определена мерка притвор и истиот е предаден во Затвор Скопје за понатамошна постапка.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни