Македонија

ДКСК отвори предмет за Јанушев по обвинувањата на СДСМ, но истрагата во странство е „со врзани раце“

ДКСК отвори предмет за Јанушев по обвинувањата на СДСМ, но истрагата во странство е „со врзани раце“

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) ќе ги истражува наводите за генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, по барањето на СДСМ за проверка на неговата наводна поврзаност со бугарска компанија.

Од Антикорупциска потврдуваат дека имотната состојба на Јанушев е под лупа уште од 2024 година, па новите информации од опозицијата ќе бидат споени во истиот предмет.

Сепак, од ДКСК признаваат дека се соочуваат со системски пречки при ваквите процеси. Комисијата има ограничени механизми за директна проверка на имот и сопственички удели надвор од државата. Поради ова, сè уште се разгледува дали од Јанушев ќе се побара нотарски заверена изјава или ќе се применат други методи за верификација.

Овој случај повторно го актуелизираше прашањето за капацитетот на домашните институции да лоцираат скриен имот и деловни интереси во странство. Од ДКСК најавуваат дека јавноста ќе биде целосно информирана веднаш штом ќе заврши постапката и ќе се утврдат фактите.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни