Македонија

Невреме во Ресенско: Силни поројни дождови, ветер и грмежи ја зафатија Преспа

Невреме во Ресенско: Силни поројни дождови, ветер и грмежи ја зафатија Преспа

Ресенскиот регион попладнево повторно беше погоден од силно невреме, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Според метеоролозите, подрачјето е зафатено од нестабилна воздушна маса која донесе силен пороен дожд, засилен ветер и електрични празнења.

Од УХМР додаваат дека процесите во овој дел од земјата сè уште траат, а нестабилна маса во моментов е активна и во централниот дел на Македонија, каде исто така се бележи дестабилизација на времето.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни