Балкан

Чудо на природата или феномен: Во езерата се појавија слатководни медузи – дали се опасни?

Чудо на природата или феномен: Во езерата се појавија слатководни медузи – дали се опасни?

Спортско-риболовното друштво „Карас“ од Новска објави видеоснималка од необична појава — присуство на слатководни медузи во нивното езеро Брочице. Иако пошироката јавност не е доволно запознаена со овој вид, страсните риболовци во коментарите откриваат дека и претходно ги забележувале во поголемите езера, но и во некои реки како Сава и Корана.

Станува збор за слатководниот вид Craspedacusta sowerbyi. Како и останатите медузи, овој вид се појавува во две форми – како статичен полип и како подвижна медуза, која во овој случај има дијаметар на телото до 2,5 сантиметри.

Дали се опасни за луѓето?

За разлика од нивните морски сродници, слатководните медузи се целосно безопасни за луѓето. Иако припаѓаат на групата организми со жарливи клетки, нивните пипала се премногу слаби и меки за да можат да пробијат низ човечката кожа и да предизвикаат болка или иритација.

Индикатор за чиста вода

Експертите и риболовците се согласни за една работа: овие медузи се појавуваат исклучиво во води со добар квалитет, па затоа се сметаат за природен индикатор за чиста средина. Најчесто се забележуваат во текот на јули и август, бидејќи топлата летна вода исклучително многу погодува за нивно брзо размножување.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни