Американскиот претседател Доналд Трамп во средата изјави дека Иран наводно прави значајни отстапки, додека преговорите меѓу двете страни треба да продолжат следната недела.
„Војната оди многу добро. Како што знаете, победуваме многу убедливо. Иран прави многу големи отстапки“, рече тој.
„Ќе видиме што ќе се случи, но беше многу, многу, многу силно“, им рече Трамп на новинарите во Конгресот.