Македонија

Следува зголемување на платите за припадниците на Армијата

Следува зголемување на платите за припадниците на Армијата

Подобрување на материјалниот статус на припадниците на Армијата и нови услови регулирани со колективен договор се најавите што ги упати министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Тој информираше дека преговорите со синдикатите за нов колективен договор ќе започнат во понеделник, а една од главните теми ќе биде унапредувањето на платите и правата на вработените во одбраната.

Според Мисајловски, од следната година е планирано зголемување на платите, како и промена на бодовите што се користат за пресметување на примањата на припадниците на Армијата.

„Разговорите ќе започнат во понеделник, а целта е преку новиот колективен договор да се уредат прашањата што се од значење за припадниците на Армијата“, посочи министерот.

Тој додаде дека во наредниот период се планира и дополнително процентуално зголемување на платите, во зависност од финансиските можности на државата и расположливите средства во буџетот.

Мисајловски нагласи дека Министерството за одбрана паралелно работи и на расчистување на наследените обврски, особено оние што произлегуваат од судски постапки.

Како што информираше, секоја година се исплаќаат средства за неколку илјади случаи поврзани со тужби, а приоритет во тековниот период е сервисирање на старите долгови, но и обезбедување средства за развој на Армијата.

Министерот посочи дека покрај финансиските подобрувања за вработените, фокус останува и на модернизација на капацитетите, опремувањето и новите инвестиции во одбранбениот систем.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни