Македонија

Во вчерашната несреќа на патот Градско – Прилеп загина 58 годишен битолчанец!

Во вчерашната несреќа на патот Градско – Прилеп загина 58 годишен битолчанец!

На 26.06.2026 во 17:50 часот во СВР Битола e пријавено дека на магистралниот пат  Градско- Прилеп, кај с.Ореовец, товарно возило „мерцедес” со приклучно возило, со битолски регистарски ознаки, управувано од С.А.(58) од Битола, излетало од патот. 

Во несреќата починал С.А., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Прилеп.

По наредба на јавен обвинител, телото е предадено за обдукција, а увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни