Македонија

67 годишник од Тетово измамен за 3400 евра!

67 годишник од Тетово измамен за 3400 евра!

На 26.06.2026 во 10:20 часот во СВР Тетово, 67-годишен маж од Тетово пријави дека бил измамен од женско лице од с. Неготино, полошко, која лажно се претставувала како универзитетска професорка.

Пријавителот во неколку наврати во изминатите три месеци ѝ позајмил 3400 евра, затоа што наводно нејзината ќерка доживеала сообраќајна несреќа во Франција, па и биле потребни за лекување.

Но, во меѓувреме дознал дека таа го измамила, по што случајот го пријавил во полиција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни