Македонија

Пукал од џип во Гостивар, потоа сам се пријавил во полиција

Пукал од џип во Гостивар, потоа сам се пријавил во полиција

Пукање од огнено оружје од возило го вознемири Гостивар, а неколку часа подоцна 65-годишен жител сам се пријавил во полиција. Од него бил одземен пиштол со муниција, а случајот го расчистува СВР Тетово.

Според информациите од полицијата, инцидентот бил пријавен ноќеска околу 00:13 часот, кога било соопштено дека непознато лице од патничко возило, џип, испукало неколку истрели од огнено оружје.

По пукањето, возилото се упатило кон центарот на Гостивар. За среќа, во инцидентот нема повредени лица.

Околу два часа подоцна, во 02:10 часот, во Полициската станица Гостивар сам се пријавил А.М. (65) од градот.

При претресот и постапувањето со него, одземен му е пиштол марка „Берета“, кој го поседувал со дозвола, една рамка со осум куршуми, како и уште една празна рамка за истото оружје.

Од СВР Тетово информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што против А.М. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни