Македонија

Од утре пороен дожд, грмежи и невреме во овие делови од Македонија

Од утре пороен дожд, грмежи и невреме во овие делови од Македонија

Од утре попладне до сабота времето ќе биде променливо облачно и нестабилно наместа со повремен дожд и грмежи особено во попладневните часови и во текот на ноќта.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер (над 60 km/h) и појава на град. Од среда температурите ќе бидат во опаѓање, особено за време на викендот кога ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Во Скопје, од утре кон крајот на денот и во следните денови времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди во текот на денот. Во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината  ќе има услови за појава на краткотрајно невреме.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни