Македонија

Во среда последно збогум за Владо Јаневски на гробиштата во Бутел

Во среда последно збогум за Владо Јаневски на гробиштата во Бутел

Семејството на Владо Јаневски ги објави деталите за последното испраќање на починатиот, а информацијата до јавноста ја пренесе Авалон продукција, по барање на најблиските.

Од продукцијата соопштија дека ја добиле информацијата од семејството и презеле обврска да ја споделат со јавноста.

„Добивме информација од семејството на Владо Јаневски и презедовме обврска истата да ја споделиме со пошироката јавност“, наведуваат од Авалон продукција.

Според објавените информации, сите кои сакаат да му оддадат последна почит на Јаневски ќе можат тоа да го направат во среда, 1 јули, во капелата на Градските гробишта во Бутел, во периодот од 10 до 11 часот.

Погребот ќе се одржи веднаш по завршувањето на последното збогување, на Градските гробишта во Бутел.

Соопштението завршува со пораката: „Има нешто посилно од сѐ“.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни