Македонија

11 изгасени пожари, 2 уште активни!

11 изгасени пожари, 2 уште активни!

До 18:00 часот на 30.06.2026 година, на територијата на државата се регистрирани 13 пожари на отворен простор, од кои 2 се активни, а 11 се изгаснати.

Активни пожари:
Општина Охрид – с. Мешеишта, ниска вегетација;
Општина Велес – покрај магистралниот пат Велес–Штип, нискостеблеста шума, сува трева и грмушки.

Во текот на денот изгаснати се 11 пожари:
Општина Шуто Оризари – во близина на Џиди Комерц, Визбегово, каде гореле ѓубре и сува трева;
Општина Зелениково – с. Страхојадица, каде гореле шума, сува трева и ѓубре;
Општина Кисела Вода – населба Разадник, на ул. „Борис Трајковски“, каде горела ниска вегетација;
Општина Виница – с. Јакимово, каде горело ѓубре;
Општина Кочани – с. Долни Подлог, во двор на семејна куќа, каде горело ѓубре;
Општина Битола – с. Кукуречани, каде горело ѓубре;
Општина Долнени – с. Житоше, во близина на училиштето, каде горела ниска вегетација;
Општина Прилеп – месност „Три багреми“, каде гореле ниска вегетација и ѓубре;
Општина Ресен – с. Стење, каде горела ниска вегетација;
Општина Љипково – с. Никуштак, каде горела ниска вегетација;
Општина Старо Нагоричане – с. Ругинце, каде гореле ниска вегетација и стрниште.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни