Македонија

Горештините попуштаат, но доаѓа невреме: Што нè очекува до крајот на неделава?

Горештините попуштаат, но доаѓа невреме: Што нè очекува до крајот на неделава?

Под влијание на серија влажни воздушни бранови во четврток и во петок времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, наместа со повремени врнежи од дожд и грмежи.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 15 l/m²), електрични празнења, силен ветер (над 60 km/h) и појава на град.

Температурите ќе бидат во опаѓање.

Во деновите од викендот ќе се задржи посвежо време и ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни