Силното невреме што го зафати Скопје предизвика штети и во општина Бутел.
На патниот правец од Бутел кон Радишани, поради силниот ветер, откорнат е семафор кој виси над коловозот, претставувајќи потенцијална опасност за учесниците во сообраќајот.
Возачите кои се движат по оваа делница се повикуваат на зголемена внимателност и почитување на сообраќајната сигнализација, додека надлежните служби не интервенираат и не го обезбедат местото.
Се очекува екипите на надлежните институции да излезат на терен и да го отстранат оштетениот семафор со цел безбедно нормализирање на сообраќајот.