Македонија

Уапсен маж од Тетово, возел 177 км/ч на патот Гостивар-Тетово

Уапсен маж од Тетово, возел 177 км/ч на патот Гостивар-Тетово

Лишен од слобода возач кој управувал возило со двојно поголема брзина поголема од дозволената

Денеска (01.07.2026) во 18:00 часот на патот Гостивар-Тетово поточно на клучка Боговиње од страна на полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи на МВР со специјално возило пресретнувач беше измерена возило со брзина од 177 км/ч каде брзината на движење е ограничена со сообраќаен знак на 80 км/ч.

По насоки на јавен обвинител К.Б. од Тетово е лишен од слобода кој управувал патничко возило “шкода” со тетовски регистарски ознаки. Против возачот К.Б. (47) од Тетово се преземени соодветни мерки и ќе се соочи со законски предвидената санкција по чл.297-а од Кривичниот законик на РСМ.

Сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредниот период на територијата на цела држава, со цел санкционирање на сторителите, зголемување на безбедноста и заштита на учесниците во сообраќајот.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со што заеднички ќе придонесеме за побезбедни патишта.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни