Македонија

Рекордна наплата во Царината: 12,68 милијарди денари во јуни

Рекордна наплата во Царината: 12,68 милијарди денари во јуни

Царинската управа соопшти дека во јуни е остварена рекордна наплата на приходи од нејзиното основање, што, како што истакнуваат надлежните, претставува највисок месечен резултат досега.

Директорот на Царинската управа Бобан Николовски на денешната прес-конференција, одржана во рамки на двегодишниот отчет на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, соопшти дека во јуни се наплатени 12,68 милијарди денари.

Тој нагласи дека овој резултат претставува значителен раст во однос на истиот период лани, како и надминување на претходниот рекорд поставен во јули минатата година.

Според податоците, на месечно ниво наплатата е зголемена за 37,9 милиони евра, што претставува раст од 22,5 проценти во споредба со јуни претходната година.

Од почетокот на годинава, кумулативната наплата на приходи е повисока за 63,3 милиони евра во однос на истиот период лани.

„Ова е историски највисока месечна наплата на приходи, при што е надминато и претходното највисоко остварување од јули минатата година. Ги затегнавме чешмите од сите страни и во континуитет постигнуваме резултати коишто овозможуваат одржлив економски раст“, изјави Николовски, заблагодарувајќи ѝ се на министерката за поддршката.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни