Македонија

Битолчани, внимание во сообраќајот: Пуштени во функција семафорите кај плоштадот и „Камен мост“

Битолчани, внимание во сообраќајот: Пуштени во функција семафорите кај плоштадот и „Камен мост“

Семафорите лоцирани кај плоштадот „Гоце Делчев“ и на сообраќајницата кај „Камен мост“ во Битола се ставени во редовен режим на работа, информираат од локалната самоуправа.

За поголема безбедност во сообраќајот, на овие две локации е поставен систем со тастери за пешаци. Со притискање на копчето лоцирано на самите столбови, пешаците го регулираат своето движење. Зеленото светло за пешаци трае 15 секунди, по што следните 15 секунди се наменети за проток на возилата.

Од Општина Битола апелираат до граѓаните, особено кога се движат во групи, редовно да го користат тастерот за да го активираат слободниот премин и да ги сопрат возилата.

Контролерот на семафорите е од странско производство, додека самите тастери за пешаци и придружниот софтвер се изработени од домашната компанија „Електро Софт“.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни