Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северен правец, со брзина од 60 km/h. Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 34 степени.
Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. T=32°C. P=982hPa. U=26%. V=9m/s.
Следува период на сончево време со променлива облачност во текот на денот. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северен правец. Во попладневните часови ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во вторник.