Сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 34 степени.
Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. T=33°C. P=981hPa. U=34%. V=2m/s.
До четврток времето ќе биде промелниво облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има услови за појава на локална нестабилност со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи. Потоа следува период на претежно стабилно време со пораст на дневната температура.