Македонија

Цеца Малева Стоев е нова претседателка на Нотарската комора

Цеца Малева Стоев е нова претседателка на Нотарската комора

Нотар Цеца Малева Стоев од Гевгелија е избрана за нов претседател на Нотарската комора на Република Северна Македонија, со мандат од 2026 до 2029 година.

Како што соопштија денеска од Нотарската комора, примопредавањето на функцијата се извршило на 3 јули во просториите на Комората. Досегашниот претседател, Методија Ристоски, по истекот на својот мандат ѝ ја предал должноста на Малева Стоев, посакувајќи ѝ успешна работа во водењето на институцијата.

Новата претседателка беше избрана на Изборното собрание што се одржа на 16 мај годинава во Скопје, каде што истовремено беа изгласани и новите членови на органите и телата на Комората.

„Нотарската комора и во претстојниот период ќе биде посветена на унапредување на нотаријатот како самостојна и независна јавна служба, со цел јакнење на правната сигурност и заштита на правата и интересите на граѓаните и на правните лица“, се наведува во официјалното соопштение на Комората.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни